Легендата на Лестер, Џејми Варди, денеска го одигра последниот меч во дресот на овој клуб, а се одјави со погодок, негов 200-ти на 500-тиот настап. Овие јубилеи најдобро отсликуваат што значеше Варди за Лестер кој испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во Чемпионшип. Во 80-тата минута Варди беше повлечен од игра за да ги добие заслужените овации, а му беше направена и почесна гарда од тимските колеги. Инаку на сите седишта на ...

Екипата на Лестер Сити го совлада Ипсвич Таун со конечни 2-0 (1-0) во натпреварот од 37. премиерлигашко коло, кој мина во знакот на легендарниот Џејми Варди, кој го одигра својот 500. меч за „лисиците“, а воедно го постигна и својот 200. погодок во кариерата. Искусниот напаѓач се одјави пред домашната публика со гол во 28. минута, предност која домаќинот ја задржа и на паузата. Во второто полувреме Лестер ја запечати победата со голот на Кејси ...