Пред неколку дена Министерството за финансии соопшти дека ѝ ја одзело лиценцата за работа на една од најголемите компании за брзи кредити, „ Креди Јес“. Имајќи предвид дека станува збор за голем број граѓани кои склучиле договори за кредит со оваа компанија, ТВ21 побара појаснување од Министерството во врска со нивниот понатамошен правен и финансиски статус. Дали постои можност за делумен или целосен отпис на долговите на граѓаните во вакви ...

Одлуката на Министерството за финансии да ѝ ја одземе лиценцата на Креди Јес отвори бројни прашања кај граѓаните кои имаат активни кредити – најважното е дали нивните долгови може да бидат избришани. Од институцијата појаснуваат дека, и покрај затворањето на компанијата, договорите за кредит остануваат важечки. Тоа значи дека обврските на корисниците не исчезнуваат автоматски, освен ако суд не донесе поинаква одлука или страните не постигнат ...