Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја направи ждрепката за Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ги одреди редните броеви на тимовите според кои ќе се дефинира возниот ред на првенството. Од дванаесет прволигаши само Арсими е дебитант, а играат во елитата дури седум поранешни шампиони. Ждрепката посака во првото коло актуелниот првак Шкендија со дерби против Шкупи, додека во Скопје ќе се игра вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер. ...

Предмалку со официјална церемонија на која присуствуваа македонските фудбалски легенди, а во моментов и високи функционери на Фудбалската Федерација на Македонија, Горан Пандев, и Агим Ибраими, беше одржана официјалната ждрепка за претстојниот ПМФЛ шампионат, есенска полусезона. Во првото коло дербито е во Скопје, каде што ќе се сретнат екипите на Вардар и Пелистер. Второто дерби е во Тетово, каде што Шкендија ќе го пречека тимот на Шкупи. ...