Непријатна сцена го одбележа натпреварот меѓу Струга и Тиквеш во рамките на 27. коло од Првата лига, во која сериозно можеше да настрада фудбалерот Папе Фал. Играчот на домашниот состав незгодно падна по еден дуел со противнички фудбалер нешто пред истекот на еден час игра, а сцената делуваше навистина загрижувачки. Иако првично успеа да стане и да го продолжи натпреварот, набрзо повторно загуби свест, па мораше да интервенира и возилото на ...
Во рамките на 27. коло од Прва македонска фудбалска лига, денеска беа одиграни два натпревари, во кои триумфи запишаа Шкендија и Тиквеш. Во Струга, Тиквеш дојде до победа од 2-1 по пресврт против Струга. Домаќините поведоа по 20 минути игра, кога по обидот на Радески, топката по интервенцијата на голманот Тасев заврши во мрежата. Радоста на стружани не траеше долго, бидејќи само пет минути подоцна Рамадани донесе израмнување за гостите. ...

