Ски центар ,,Михајлово” денеска беше официјално отворен, а првите скијачи имаа можност да уживаат во снегот на Кожуф планина, четириесетина километри од градот Кавадарци. Има ски лифтови во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на еден час и скијачки појас, со капацитет од 800 лица. – Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини, ...

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска го отворија новиот скијачки центар „Михајлово“на Кожуф планина. Новиот центар има ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на час, скијачки појас со капацитет за 800 лица, четири сезонски вртелешки и снежни топови за вештачки снег. Како што информираше градоначалникот Јанчев, првата ски-патека ќе се вика „Македонија“. Местото е оддалечено околу 35 ...