Пакистан започна одмазда откако Индија нападна цели на нејзина територија, објави ТВ каналот „Сама“, повикувајќи се на извори во безбедносните служби на земјата. „Беше започнат контранапад и беа лансирани ракети кон неколку цели во Индија“, се вели во извештајот. Министерот за одбрана Хаваџа Асиф го нарече индискиот напад чин на кукавичлук. - Кукавиците се обидоа да удрат од сенките. Индија нападна во мрак, но нашиот одговор ќе биде посилен и ...

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се зголемија откако 26 лица, претежно туристи од Индија, беа убиени во вооружен напад во индискиот дел на Кашмир, во близина на градот Пахалгам, кон крајот на април. Индија го обвинува Пакистан за нападот, додека Исламабад ги отфрла обвинувањата. Пакистанскиот министер за информации Атаулах Тарар предупреди на она што тој го нарекува веродостојни разузнавачки информации дека Индија планира воен удар. Ова беше ...