Овој викенд во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе се одиграат натпреварите од 13. коло. Како што дознава Спортска Мрежа, сите натпревари од оваа рунда ќе започнат со едноминутно молчење, знак на почит кон починатите од големата трагедија која се случи на 16 март минатата година во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дополнително, сите екипи кои се под капата на ОФС Кочани, без разлика во кој ранг се натпреваруваат, натпреварите овој ...

Овој викенд фудбалот на Истокот со едноминутно молчење ќе оддава почит за трагедијата во Кочани. Со одлука на ОФС Кочани, сите натпревари во Трета лига – Исток ќе започнат со едноминутно молчење, а оваа одлука се однесува и на екипите во сите рангови на натпреварување, а кои се членови на ОФС Кочани. Со едноминутно молчење натпреварите ќе ги започнат второлигашите Осогово, Каменица Саса и Слога Виница, како и екипите од Првата женска ...