Дека македонската креативност и уметност одамна ги пробија границите на светскиот спорт е веќе добро познат факт, но најновиот проект на нашето меѓународно познато студио Swithadot Studios, предводено од дизајнерот Сатја Грабулоски, донесе вистински естетски спектакл непосредно пред почетокот на Светското првенство. Фудбалската легенда на Босна и Херцеговина и еден од најголемите балкански напаѓачи на сите времиња, Един Џеко, официјално стана ...
Дизајнот е инспириран од прекарот „Босанскиот змеј“ и вклучува рачно изработени елементи во сина боја, со босанското знаме и детали изведени со 18-каратно течно злато – симбол на големината, лидерството и наследството што Џеко го остава зад себе. „Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот – капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв ...

