Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи таков наратив и терминологија, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во одговор на новинарски прашања поврзани со соопштенијата и јавните настапи на опозицискиот СДСМ. – Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам ...
„Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини“, истакна министерот Муцунски. Тој нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика меѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс. „Едно е да имате критика и да укажете како нешто може да се ...

