Медиумската сцена во државата се соочува со бројни и испреплетени предизвици. Новинарите работат под постојан економски, институционален и политички притисок, во средина која не нуди доволна правна сигурност, ниту, пак, стабилна и доследна системска поддршка за независна работа. Значајна е потребата процедурите и изборот на членовите во телата што носат регулаторна и програмска одговорност да се засноваат на јасни критериуми, стручност и јавна ...
Скопје, 2 мај 2025 По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Македонскиот институт за медиуми упатува јасна и недвосмислена порака: професионалното новинарство е столб на функционалната демократија, а правото на информирање клучен јавен интерес што бара постојана заштита и развој. Слободата на медиумите не е само формална заложба, туку вредност што се остварува преку секојдневна практика, со етички стандарди, функционални ...