Заокружувајќи го своето обраќање на конференцијата на конзервативните партии, македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на пријателите кои ги штитат конзервативните вредности, притоа посочувајќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан за кого кажа дека е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани ...

Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради! Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет. Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа. ...