ИСТАНБУЛ (АА) - Утринава четиринаесетгодишно девојче го загуби животот, а десетици се повредени поради паника и страв за време на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер што го погоди брегот на Мармарис во југозападната турска област Мугла, јавува Анадолу. Афранур Ѓунлу доживеала напад на паника за време на потресот во округот Фетије и итно била пренесена во болница, но и покрај медицинската интервенција не е спасена, потврди ...

Најмалку едно лице загина во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Турција рано утрава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 км во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, во објава на X изјави дека ...