Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка, Изабел Шнабел, сега гледа поволен момент за зајакнување на глобалната улога на еврото, бидејќи инвеститорите се вртат кон Европа. Постои „прозорец на можности“ за зголемување на меѓународната улога на еврото, рече таа на панел во рамките на 31-та Економска конференција што во саботата се одржа во Дубровник. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на „Блумберг ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во изјава за „Бизнис21“ на ТВ21 посочи дека според најновите податоци на Евростат, минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ од десет земји членки на Европската Унија. „Многу е важно да се прави разлика меѓу номиналната вредност и реалната куповна моќ на платата. Ние живееме и трошиме овде, во Македонија. Ако ја споредиме куповната моќ на минималната плата, излегува дека со неа може ...