Украинските напади со беспилотни летала насочени кон руската нафтена индустрија предизвикаа неколку големи пожари на југот од земјата, објавија денес руските власти. Локалните медиуми објавија дека три магацини со нафта се запалиле во регионот Ставропол. Гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров, потврди дека имало неколку пожари и експлозии во индустриските објекти и рече дека нема извештаи за повредени. Гувернерот не ги именуваше ...
Тројца загинаа, а 33 се повредени, меѓу кои и пет деца, во вечерашниот руски напад со воздушни бомби врз Запорожје во Украина, пренесува Украинска правда. „Во нападот е предизвикано значително оштетување на станбена населба. Тешко е оштетена петкатница, а е забележан и удар во близина на деветкатница“, изјави Иван Федоров, началник на Воената управа на Запорошката област. Руските наведувани воздушни бомби уништиле два ката од петкатната ...
Украина во текот на ноќта ги нападна Москва и околниот регион со 400 дронови, при што беа повредени 10 луѓе и беа запалени повеќе објекти, соопштија руските власти. Гувернерот на Московската Област, Андреј Воробјов, во соопштение на „Телеграм“ наведе дека седуммина, меѓу кои и тројца кинески државјани, биле повредени во напад со дронови врз градот Домодедово, во близина на еден од главните московски аеродроми. Градоначалничката на ...

