Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и нашата Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух. Овој многу ладен воздух ќе го активира ...

Од УХМЕ информираат дека во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ветер наместа ...

Се поизвесно е дека од 5 април (сабота) па во деновите потоа, зимата сериозно ќе се врати на Балканот и во Македонија, па така очекувам продор на многу ладен воздух кон нашите краишта директно од Сибир. Покрај тоа што ќе има многу снег ширум Балканот, и температурите ќе бидат во длабок минус и многу пониски од просекот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен и од североисточен правец. На Јадранот пак ...