Едно од најмодерните и најубаво уредените детски катчиња во Скопје, игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во Аеродром, преку ноќ се претвори во урнатини и е привремено затворено за дечињата. Несовесни насилници брутално ги искршиле реквизитите и инвентарот, оставајќи зад себе пустош и финансиска штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра. Случајот експлодираше во јавноста откако познатиот јутубер Никола Поповиќ ...

По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица. Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром – простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова место вчера беше мета на несовесно и недозволиво ...