Тимот на Силекс преку Хрвановиќ води на полувреме во дуелот против Работнички во Кратово во рамките на најновото петто коло од домашниот ПМФЛ шампионат. Во 43. минута одличен скок на Хрвановиќ кој искористи добар центаршут од лево и погоди во подалечниот агол од голот на Василев. Претходно мора да се напомене дека домашната екипа доживеа пех со повредата на првиот голман Џеков. Тој во дуелот со својот У21 колега Трајков се повреди и мораше со ...
Во првиот од двата денешни дуели од ПМФЛ шампионатот, екипата на Струга Трим Лум на домашен терен на полувреме води со 1:0 против екипата на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол на овој меч засега е Басиру Кампаоре, кој што погоди од пенал во 40.минута од мечот. Претходно, ВАР технологијата мораше да биде вклучена и да процени дали во дуелот на Даниел Мојсов со Марјан Радески има елементи за најстрога казна, што и се потврди. Сигурен реализатор ...