Покрај прволигашите, и второлигашките клубови почнаа со планирање за следната сезома. Управата на Новаци објави дека нема да ја продолжи соработката со досегашниот тренер Дарко Крстески и му се заблагодари за неговиот придонес во клубот. Искусниот тренер од Прилеп пред три години дојде во Новаци. Работеше со значителен успех, а минатата сезона оствари учинок од петнаесет победи, шест нерешени средби и девет порази, финиширајќи го првенството ...

Второлигашот Новаци и искусниот стратег Дарко Крстески ставија крај на меѓусебната соработка по три години заедничка работа, период во кој прилепскиот тренер остави значаен белег во клубот. Крстески беше еден од најзаслужните за стабилизацијата и резултатскиот подем на Новаци во изминатиот период. Минатата сезона тимот ја заврши на седмата позиција во Втората македонска фудбалска лига, што претставува еден од најдобрите резултати на клубот во ...