Познати се првите двајца полуфиналисти на АТП Мастерс турнирот во Мајами. Артур Фис со 2-1 го совлада домашниот претставник Томи Пол по маратонски меч кој траеше речиси три часа. Сите три сета понудија тај-брејк, првиот го доби Американецот со 7-3, а потоа со 7-4 и 8-6 ги загуби преостанатите два и ривалот се пласира понатаму. Полуфинален ривал на Фис ќе му биде Јиржи Лехечка. Чехот со 2-0 го совлада изненадувањето Мартин Ландалуче од ...
Првата светска тенисерка Арина Сабаленка лесно се справи со домашната претставничка Хејли Баптист (2-0) во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Белорусинката го реши мечот против Американката за час и 20 минути. Двата сета Сабаленка ги доби со идентични 6-4, првиот со еден, а вториот со два брејка. Во полуфиналето таа оди на мегдан со Елена Рибакина. Претходно полуфинални визи обезбедија и Коко Гоф и Каролина Мухова кои ќе се судрат ...

