– Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека одбранбената соработка меѓу Косово, Хрватска и Албанија е насочена против неговата земја. Вучиќ, кој присуствуваше на воената парада во Кина, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, разговараше со новинарите во Пекинг. Претседателот на Србија рече дека Кина поседува висококвалитетни повеќенаменски авиони и модерни хеликоптери и додаде дека се заинтересирани да ги купат. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 3 септември изјави дека го искористил присуството на воената парада во Пекинг за да види „што би било интересно да се стекне за потребите на српската армија, така што таа би била одвраќање за секој потенцијален агресор од соседството“, објави РСЕ на српски јазик. „Приштина, Загреб и Тирана не формираа воен сојуз случајно. И не го направија тоа за Австрија, Унгарија или Словенија, туку за Србија. Го ...