Поплавени булевари, подвозници под вода, заглавени автомобили и автобус на ЈСП заробен во поплавата. За само неколку часа дожд, Скопје повторно престана да функционира. Ова е последица на години запоставување на основната градска инфраструктура, а Орце Ѓорѓиевски, наместо да го прекине тој континуитет, продолжува по истиот пат. Атмосферската канализација е недоволна и неодржувана, одводните системи не се чистат навреме, а наместо системски ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку добро монтирано видео на неговата Фејсбук страна соопшти дека по поројниот дожд што попладнево го зафати градот, на терен биле повеќе од 1.000 работници, а Кризниот штаб на Град Скопје, службите и јавните претпријатија се целосно мобилизирани. Дождот траеше подолго време и скопските улици се наполниле со вода, а атмосферската канализација ретко каде можеше да ја собере сета вода. Жителите на ...