Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оцени дека големиот број инфлагрантни коруптивни случаи откриени од МВР во изминатата година покажува дека министерството има поинаков и суштински пристап во борбата против корупцијата. „Сметам дека сме на прав пат, но нè чека уште многу работа за да се постигне значително намалување на корупцијата во Македонија“, рече Тошковски. Тој појасни дека Одделот за внатрешна контрола презел голем број ...
Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста. Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, ...