Неколку дена во неделата, особено во вечерните часови, музиката од локалот ги надминува сите нормални и законски дозволени граници, велат тиа. „Наместо мир и достоинствен живот, граѓаните се принудени да живеат како заложници во сопствените домови, без можност за одмор, сон или нормално секојдневие. Овој проблем не е само прашање на прегласна музика. Со години наназад, жителите се соочуваат и со целосен колапс на паркирањето во околината, ...
Непроспани ноќи поради техно забави и турбо-фолк музика која ечи од околните угостителски објекти. Алкохолизирани групи кои дивеат навечер и ја кршат урбаната опрема по паркчињата. И на сето ова – неактивни институции кои не постапуваат иако имаат обврска да го заштитат јавниот ред. Ова се причините поради кои жителите на Капиштец ќе се соберат на мирен протест, со цел, како што информираат од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“ ...

