Четири лица загинаа, а 15 други се повредени во руски ракетен напад врз Киев во раните утрински часови. Русите испалиле меѓу 12 и 14 балистички ракети од различни типови и девет хиперсонични противбродски крстосувачки ракети „Циркон“, објавија каналите на Телеграм на градската администрација во Киев. Според градоначалникот Кличко, пожар имало во шесткатна зграда во Соломенскиот округ во главниот град, изгорени автомобили, а во уште два округа ...

Бомбаш самоубиец нападна антимилитантски митинг во северозападен Пакистан, при што загинаа најмалку 14 лица, меѓу кои и пет полицајци, а повеќе од 20 се повредени. Нападот се случил во градот Кабал, во долината Сват, каде демонстрантите барале мир и посилна борба против милитантите. Пакистанските власти го осудија нападот, а засега ниту една група не ја презеде одговорноста. Сомнежите се насочени кон пакистанските талибанци, кои имаат ...