И во вториот натпревар од почетокот на сезоната Атлетико Мадрид не успеа да слави играјќи само реми 1-1 на домашен терен против Елче во меч од 2. коло од Ла лига. Домаќините подобро го отворија мечот и поведоа со 1-0 со погодокот на Сорлот во 8. минута. Само седум минути подоцна гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Рафа Мир. Иако по силниотстарт се очекуваше да гледаме уште голови, сепак мрежите до крајот мируваа па двата тима мораа да се ...
Килијан Мбапе ја доби „десетката“ на својот грб по заминувањето на Лука Модриќ, а очигледно ова дополнително влијаеше врз мотивацијата на извонредниот француски голгетер. Откако постигна гол за победа на првиот меч против Осасуна, Мбапе сега постигна нови два на првото гостување за Реал оваа сезона, па тоа беше доволно за да се скрши отпорот на Овиедо. Реал беше далеку подобар ривал во првото полувреме и наметна целосна иницијатива на ...