Утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во Салцбург, кога тролејбус удри во зграда во градската населба Ицлинг. Тролејбусот на компанијата Салцбург Линиен, кој сообраќаше на линија 6, удрил директно во зградата во која се наоѓа супермаркетот Била Плус. Едно лице го загуби животот. Дополнително, има и потешко и полесно повредени лица. Екипи на Црвениот крст, пожарникари и полиција се на терен, а поставен е и заштитен екран, објави ...

Едно лице загина, а седум други се повредени откако тролејбус излетал од патот и се забил во супермаркет во Салцбург, Австрија, соопшти Црвениот крст. „Едно лице почина и покрај напорите за реанимација“, изјави портпаролката на Црвениот крст за АФП. Седум повредени лица се однесени во болница, од кои двајца се во сериозна состојба, додаде таа. Властите сè уште не објавија никакви детали за починатите или околностите на несреќата, која се ...