Тони Михајловски е роден на 30 јуни 1967 година во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 година. Од 1994 до 1999 година работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 година повторно се враќа во Македонски народен театар – Скопје. Театрографија: Филмографија: ...
Енис Барди е роден на 2 јули 1995 година во Скопје. Тој е македонски фудбалер од албанска народност, играч од средниот ред на Трабзонспор и на македонската фудбалска репрезентација. Своите фудбалски почетоци ги имал за екипата на ФК Шкупи. Во 2013 година заминал во младинската школа на ФК Брондби, но истата година потпишал едногодишен договор со шведскиот второлигаш ФК Преспа Бирлик. За екипата на Преспа одиграл десет натпревари и постигнал пет ...
Лидија Кочовска е родена во Скопје на 1 јули 1975 година. Доаѓа од семејство на музичари. Нејзината сестра Тања Кочовска е пејачка и глумица, и нејзините родители Невена и Панче беа членови на познатиот бенд Мањифико. Нејзиниот прв настап бил на 4 годишна возраст на детскиот музички фестивал Златно Славејче, каде била најмлад учесник. Лидија дипломирала на инструментот обоа на Музичката академија во Скопје. Награди и учества на фестивали: Среќен ...