Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се судрат повторно во натпревар кој ќе го решава шампионот во Суперлигата. Пресметката е закажана за в сабота во 19:30 часот, а скопскиот тим ја објави продажбата на билетите за средбата. Во продажба се пуштени билети по популарни цени, па најефтин билет за дербито ќе чини 150 денари. Исто така, ќе се продаваат и билети од 250 и 350 денари за централните трибини од салата. Инаку, на овој натпревар освен „Комити“ ...

Иако немаа многу време за одмор, сепак ракометарите на Вардар 1961 рутински ја завршија својата задача на претпоследниот натпревар од плеј-офот. Новиот освојувач ан Купот на Македонија ја оправда улогата на фаворит против ГРК Тиквеш на гостински терен славеше со убедливи 22-32. Ова беше загревање на новата битка против Пелистер, овој пат за титулата. Битолчани прво треба да го победат Алкалоид утре на гости, па тоа да останат во игра за одбрана ...

Неколку денови по освојувањето на титулата во Купот, Вардар денеска им се враќа на обврските во домашното првенство. „Црвено-црните“ имаат гостување во Кавадарци, како загревање за она што ги очекува во сабота, кога го пречекуваат Еурофарм Пелистер во решавачкиот натпревар за титулата. Битолчани пак неделава два пати ќе гостуваат во Скопје, бидејќи утре прво играат во Автокоманда со Алкалоид. РАКОМЕТ СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ 9.КОЛО (ДЕНЕСКА, 19 ...

Вардар вчера го освои трофејот во Купот на Македонија, но тоа е веќе зад нас затоа што престои интересна седмица во која ќе се реши шампионот во Суперлигата. Остануваат уште две рунди до крајот на првенството, а Вардар и Еурофарм Пелистер влегуваат со идентичен број на бодови во завршните битки. „Црвено-црните“ имаат гостување во Тиквеш кај Кавадарци, „зелено-белите“ пак соочување со Алкалоид во Авкокоманда по што следи директна битка меѓу ...