Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во рамките на Програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”, ќе биде отворена првата самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак. Изложбата, под наслов „Декларација на вредност”, опфаќа повеќе дела – слики, цртежи и фотографии – преку кои авторот пренесува свој автентичен израз. Константин Солак, 19-годишен битолчанец, е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и ...

Младиот уметник од Битола, Константин Солак вечер на „БитФест“ ќе ја промовира првата самостојна изложба „Декларација на вредност“. Станува збор за изложба на слики, цртежи и фотографии, кои до 15 август ќе бидат изложени во културниот центар „Магаза“. Константин Солак (19) е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Учествувал на бројни конкурси и е добитник на награди за ...