Новиот победник во Европскиот куп на ЕХФ, Алкалоид, со пригодни плакети им се заблагодари на тројца свои играчи кои го напуштаат тимот по истекот на сезоната. Се работи за Давид Савревски, Португалецот Франциско да Силва и голманот Благојче Трајковски, кои беа дел од ростерот на Кирил Лазаров во историската сезона за македонскиот клуб. За Савревски имаше интерес од неколку суперлигаши, најмногу од Охрид, а Франциско ќе се врати во Португалија. ...
Последниот домашен меч оваа го искористи да им се заблагодари на тројца ракометари кои нема да бидат дел од следната сезона. Пред почетокот на дуелот против ГРК Охрид во Автокоманда, претседателот на клубот, Горан Минов им додели благодарници на голманот, Благојче Трајкоски, Давид Савревски и Фрациско Е Силва. До крајот на оваа сезона, Кирил Лазаров и неговите момци ќе одиграат уште еден натпревар, во недела му гостуваат на Бутел Скопје. ...