Првото полувреме од бараж финалето за пласман на Светско првенство ја носи Италија поблиску до посакуваната цел, но избраниците на Џенаро Гатузо навистина ќе мора да искачуваат планина за да се најдат на завршниот турнир. Натпреварот во Зеница започна на најдобар можен начин и со грешка на домашниот голман, момент по кој Моизе Кин покажа класа и постигна мајсторски гол по додавање од Барела. Погодокот во 15-та минута требаше да донесе мир во ...

Италија по третпат во низа остана без пласман на Светско првенство, а вторпат во серија за тоа е виновна балканска репрезентација. Пред четири години Македонија им пресуди во Палермо, овојпат „аѕурите“ отидоа чекор понапред, дојдоа до финалето на баражот каде ги одмерија силите со Босна и Херцеговина, ривал против кого постигнаа гол на време, потоа заработија црвен картон (Бастони), но и играч помалку на теренот имаа неколку добри шанси да ...