Мермерен комбинат АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварил приходи од продажба во износ од 214.441 илјади денари, што претставува намалување од 45% во споредба со истиот период минатата година, информираше Друштвото преку Македонската берза. -Падот на продажбата се должи првенствено на неповолните временски услови во јануари и февруари, кои сериозно го нарушија производството на мермер и значително го намалија производството во текот ...

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од годинава остварила добивка пред оданочување и резервации од 1.236.806 илјади денари, која е за 8% помала споредено со истиот период претходната година, соопшти Банката преку Македонската берза. -Задржувајќи го високопрудентниот пристап во однос на управувањето со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за ...

Витаминка АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварила единечни вкупни приходи од 924,526 илјади денари, кои во споредба со остварените за истиот период лани, бележат раст од 12%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 94%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, додека 6% од вкупните приходи се остварени од продажба на недвижен имот – ...

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2025 година се движела од 26.800 до 31.099 денари или просечно 28.966,38 денари за една акција, информираат од таму. -Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на ...