Иван Галевски на првата финална средба во Атина беше една од клучните алки на Алкалоид за победата од четири гола. Тој одбрани пет од шест пенали, на крајот зад своето име запиша осум интервенции. Младиот голман е среќен што реваншот се игра пред домашна публика, верува дека со добро спроведена тактика ќе успеат да испишат историја. „Како што знаете АЕК е искусна екипа со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме плус 4 од претходниот ...

Мартин Серафимов е најдобриот стрелец на Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот репрезентативец до денешното второ финале против АЕК има постигнато 68 гола, девет го делат да стане прв стрелец во ова натпреварување поточно да се изедначи со Нерис Ческо од Извиѓач. Сепак за Серафимов и сите останати момци најважно е да го освојат пехарот, индивидуалните признанија не значат ништо ако тимот не ја оствари целта. Иако четири гола изгледаат ...