Една од најпознатите македонски евергрин-песни, „Чија си“ на Славе Димитров, има интересна приказна за својот настанок. Мелодијата била создадена во Битола во 1969 година, но речиси две години останала без текст и наслов. Денес, токму нејзиното име е наслов на новата авторизирана биографија за композиторот, пејачот и музичкиот продуцент, напишана од Максим Ристески. Димитров ја компонирал музиката во родната Битола, а потоа ја оставил ...

Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Чија си“ од Максим Ристески. Авторизираната биографија деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk. Инспирирана од животот и од творештвото на еден од најзначајните ...