Голем е оптимизмот во таборот на Вардар во пресрет на големото финале од Купот на Македонија, во кое „црвено-црните“ ќе се сретнат со Струга ТЛ (среда, 20 часот). Одличните резултати во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона донесоа бегство од долниот дел на табелата, но и пласман во ова големо финале, во кое триумф значи кревање на значаен трофеј, но и учество во Конференциската лига на УЕФА наредната сезона. Поради ова, мотивацијата е на ...
Вардар беше најдобар македонски тим во вториот дел од сезоната и благодарение на импресивните игри избега од опасната зона и заврши на петтото место, успех кој сега сите во клубот посакуваат да биде надограден и со трофеј во Купот. Тимот од Скопје се избори за пласман во големото финале во најмасовното фудбалско натпреварување во нашата земја, а во пресрет на натпреварот кој се игра утре против Струга, првата најава ја имаа претставниците на ...
Вардар ја брка својата шеста Куп-титула во историјата, а на спротивната страна во финалето го има тимот на Струга кој лани беше првак во ПМФЛ. Финалниот натпревар ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, а ден пред мечот се одржаа официјалните прес-конференции. Пред медиумите освен тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски, се обрати и капитенот Горан Закариќ, кој кажа: „Чест и задоволство ми е што сум тука како капитен на Вардар. Би ...