Кошаркарскиот клуб на Работнички летово е доста активен. Откако назначи нов шеф на стручен штаб во името на Владимир Мирковски, а го комплетираше и неговиот сет на помошници, време е клубот да се позанимава и со играчкиот кадар. Па така, предмалку КК Работнички објави дека се засилува со интернационалецот од САД, Брет Томпсон, како и со нашиот Филип Наков кој што играше за Вардар. Работнички во новата сезона планира да има сосема нов лик, ...

Кошаркарскиот клуб Работнички претстави две засилувања за новата сезона. Тимот од Градскиот парк на Скопје се пофали со потписите со Брет Томпсон и Филип Наков. Американското засилување доаѓа од редовите на Леотар Требиње, а минатата сезона играше и за босански Мостар. Станува збор за кошаркар кој играше неколку години колеџ кошарка. Томпсон беше дел од Јангстон Стејт, Тенеси Тек, Колорадо Стејт, Пенсакола Стејт и Шеридан Колеџ. Од друга страна, ...