Вчера во Пјаченца, Италија бил официјализиран договорот со кој Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) покрај храмот „Св. Прохор Пчински“ го добива целиот простор околу црквата, од околу пет хектари (околу 50.000 квадратни метри), кој ќе значи простор за социјално и културно зближување на бројните Македонци во овој дел на Италија, јави „Религија.мк“. На свечениот чин, договорот го потпишаа митрополитот Европски Пимен ...
Договорот го потпишаа митрополитот европски Пимен и монсињор Адријано Чеволото, бискуп на Епархијата на Пјаченца и Бобио. Имотот вреди 800 илјади евра и ќе се исплаќа 20 години, но ќе биде во трајно владение на МПЦ-ОА. „Овој црковен простор ќе биде стожер на македонската култура, јазик и традиција. За нашите иселеници, ова значи место каде ќе можат да ги крштеваат своите деца, да ги венчаваат младите, да празнуваат, да организираат натпревари ...

