Досега т.н. МОНОкам беше само тестирана, а сега и официјално е ставена во функција. Камерата го набљудува сообраќајот од висина, на пример од мост. Софтверот потоа со помош на вештачка интелигенција открива дали возачот држи мобилен телефон в раце. За да го направи тоа, тој ја гледа позицијата на раката и дали предметот во неа, според формата, наликува на мобилен телефон. Доколку е така, камерата фотографира, а таа фотографија потоа ја проверува ...

Германската полиција започна со поставување на специјални камери кои ќе детектираат возачи што користат мобилен телефон за време на возењето, јавуваат германските медиуми. „Одвлекувањето внимание од управувањето со возилото поради мобилен телефон е една од најпотценетите, но сериозни опасности во сообраќајот. Затоа сега реагираме со поставување вакви камери“, изјави министерот за внатрешни работи на покраината Рајнска Фалц, Михаел Елбинг, при ...