Тео Ернандес од 2019 година е дел од калчолигашот Милан, но токму оваа сезона која само што заврши може да биде негова последна на „Сан Сиро“. Тој има договор до 2026 година и засега двете страни не се блиску до продолжување на соработката, па Милан е подготвен да тргне во друг правец и да се ослободи од Французинот. Интерес за него има од Саудиска Арабија или поточно од Ал Хилал, тим кој може да биде предводен од Симоне Инѕаги. Новинариот ...

Раководствата на Милан и Ал-Хилал ги договориле сите детали околу трансферот на Тео Ернандес во Саудиска Арабија. Екипата од Серија А ќе добие фиксни 30 милиони евра и дополнителни бонуси од пет милиони евра, но сега останува само уште Арапите да ги договорат личните услови со Французинот, па трансферот да биде официјализиран. Вредноста на Ернандес на трансфер-пазарот во моментов е 40 милиони евра, па изненадувачка е сумата која ја прифатиле од ...