Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со остар и решителен тон реагираше на инцидентите што се случија на натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими во рамките на 28. коло од Втората македонска фудбалска лига. Од федерацијата изразија длабока загриженост и огорченост од сцените што се одиграа на теренот, оценувајќи ги како „срамни и неприфатливи“. „Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет“, порачуваат од ФФМ, ...
Од ФФМ најавија дека ќе бидат преземени мерки откако ќе ги добијат извештаите од официјалните лица на натпреварот. Тие ветуваат дека нема никој да биде заштитен. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда ...