Ете, така прават големите клубови како Алкалоид. Тие не се како АЕК па да бегаат од мегдан, да прават разни проблеми само да не играат зошто знаат дека вечерва во “Борис Трајковски“ ќе беа прегазени од момците на стратегот Кирил Лазаров. Предмалку раководство на Алкалоид, за нас победникот во ЕХФ Европскиот Куп излезе со соопштение: „Почитувана публико, ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва. ...

Македонската ракометна публика синоќа остана без можност да ужива во историски ракометен спектакл, откако вториот финален натпревар од ЕХФ Европската лига меѓу РК Алкалоид и грчки АЕК не се одигра. Иако скопскиот тим имаше предност од четири гола од првиот меч и беше на само 60 минути до европска титула, гостинската екипа одби да излезе на терен поради, како што објавија, закани од нивни навивачи. Додека се чека официјалната одлука од Европската ...