Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони зборуваше со помирлив тон пред пресметката со големиот ривал Бразил во квалификациите за Светското првенство. Натпреварот е закажан за вторник koн среда во 1 часот по полноќ по средноевропско време. „Играат Аргентина-Бразил, тоа е секогаш важен натпревар, но сепак е само фудбалски натпревар. Се сеќавам на сликата по финалето на Копа Америка во 2021 година, кога Лео седеше на скалите на Маракана со Нејмар. ...
Аргентина со убедливата победа над вечниот ривал Бразил (4-1) го прослави пласманот на Светското првенство кое е на програмата наредната година и тоа во три држави САД, Мексико и Канада. Ова значи дека „гаучосите“ ќе имаат можност да ја бранат освоената титула од претходниот мундијал во Катар, но останува да се види во каков состав и дали дел од истиот ќе биде капитенот Лионел Меси. Меси го пропушти последниот „прозорец“ и не беше во комбинација ...