Во срцето на Велес, четврта година по ред, од 3 до 7 јуни ќе се одржат „Спортските игри Велес“, настан кој прерасна во вистински спортски бренд на градот и пошироко. Градскиот парк и годинава ќе биде центар на спортски возбудувања, дружење и натпреварувачки дух, со учество на спортисти од земјава и од странство. Љубителите на спортот ќе имаат можност да следат натпревари во фудбал, кошарка, одбојка на песок, тенис и новиот адреналински спорт – ...

Општина Велес ги известува граѓаните дека поради подготовките и одржувањето на четвртото издание на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај почнувајќи од денес, 2 јуни, од 12 часот, па сè до завршувањето на манифестацијата на 7 јуни. За време на оваа спортска недела, пристап со возила ќе биде дозволен единствено на дистрибутерите кои доставуваат до локалите во паркот, но само со претходно обезбедена пропусница од ...

Над 660 пријавени спортисти, од кои повеќе од 120 интернационални учесници, ќе бидат дел од годинешното издание на Спортски игри Велес 2025, кое ќе се одржи од 3 до 7 јуни во Градскиот парк, идната недела. Меѓународниот интерес за настанот е рекорден, а силната спортска програма и организација резултираа со досега невидена мобилизација на клубови, екипи и спортски ентузијасти. Потврден е и настапот на европскиот шампион во одбојка до 21 година, ...