Министерството за дигитална трансформација ќе иницира јавна расправа за можната регулација на пристапот на малолетници до социјалните мрежи, најави министерот Стефан Андоновски, посочувајќи дека строгата забрана не е едноставно решение и отвора сериозни дилеми. „Забраната звучи наједноставно, но носи два предизвици – технички и правен. Ако родителот му купи телефон на свое име на детето, државата не може да знае кој го користи. Акаунтот може ...
Забрана на социјалните мрежи за малолетни лица многу лесно звучи и за родителите и за јавноста но има два предизвика едниот технички, еден правен. Од технички аспект забраната значи дека вие ќе поставите некој вид на механизам дека дете кое е сопственик на таков и таков мобилен уред нема да може да пристапува до одредени социјални медиуми, што е многу лесно заобиколено на повеќе начини од страна на технолошки повештата помлада генерација, ...

