Струга Трим Лум како лидер на табелата доаѓа во Скопје на дуел со Вардар во дерби натпреварот од деветтата рунда во Прва МФЛ. Ова е несомнено најголемиот дуел во ова коло, во кој стружани ќе се обидат да продолжат во ист стил како и на досегашните натпревари. Христијан Малески се покажа како вистински „џокер“ за стружани оваа сезона, на осум натпревари постигна четири гола и забележа една асистенција, иако беше стартер само на еден меч. Тој ...
Фудбалерот на Струга Трим Лум, Христијан Малески, зборуваше пред дерби натпреварот со Вардар во Првата македонска лига, најавувајќи голема борба за бодовите и продолжување на одличните резултати. Стружани и вардарци се водечки екипи во елитното друштво, па токму затоа Малески очекува жестока битка, но посакува среќен епилог за неговиот тим. „Одлично трениравме оваа недела. Мислам дека тимот е 100% подготвен за максимален ефект на теренот во овој ...