Центарот за управување со кризи информира дека денеска низ државата биле регистрирани седум пожари на отворен простор. Од нив, три се изгаснати, два се под контрола, а два сè уште се активни. Активни пожари има во општина Долнени, во селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и на влезот во Крушево, на депонија. Под контрола се пожарите кај Јасен и на планината Кожуф, каде што гори висока шума. Изгаснати се пожарите во село Судик, општина Штип, ...
На територијата на државава денеска до 20:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, три се ставени под контрола, додека десет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари се пријавени во село Радобил, општина Прилеп, каде гори ниска вегетација и шума, во село Волино, општина Охрид, со пожар на ниска вегетација и во село Корошишта, општина Струга, каде гори ...
Околу 1,5 степени е повисока просечната температурата во Грција во изминатите 30 години, а зголемување на температурите во последните три децении има и во балканските земји што се далеку од морето и овој тренд ќе продолжи, веќе го констатираме тоа, вели за МИА Константинос Лагувардос, директорот на одделот за истражување во Националната опсерваторија во Атина, кој воедно го предводи и научниот тим во порталот Метео што е дел од опсерваторијата. ...