Со денови беснее пожарот на планината Готен. Пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола пламените јазици. Се протега помеѓу Радовиш, општина Василево и Берово. Најкритично е од страната на Радовиш, каде дејствуваат два хеликоптери на МВР. Од страната на Берово, пожарот се заканува да се прошири кон поквалитетна шума. Таму дејствуваат 40 припадници на армијата. Голем пожар и на територијата на Македонска Каменица. Во моментов беснеат 16 ...

Во текот на изминатото деноноќие, од 27 до 28 јули 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, 8 се активни, 7 се под контрола, додека 36 се веќе изгаснати. Моментално, огнената стихија е најактивна на осум локации низ земјава: Општина Василево, Радовиш и Берово: Гори во атарот на село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, зафаќајќи нискостеблеста ...