Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 ...

Обвинителството му замрзна имот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски во Македонија и во Србија. Марковски е еден од осомничените за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Заедно со него се осомничени уште еден вработен во неговата фирма и шестмина поранешни раководители во РЕК Битола. Пред десетина дена, осомничените ...