Од утре, маржите за над 1.000 прехрамбени производи истекуваат, а тоа би отворило простор за ново поскапување на производите во маркетите. До сега, власта во јавноста пласираше наратив дека оваа мерка била ефективна и допринела кон трговците да го стопираат злоемувањето на цените. Бесар Дурмиши, министер за економија, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на ...
Завршува ограничувањето на маржите, почнува стравот од нови поскапувања. Од утре престанува да важи владината мерка за ограничување на трговските маржи на повеќе од илјада производи. Тоа отвора простор маркетите повторно самостојно да ги формираат цените, што, според дел од економистите, може да значи нов бран поскапувања. Од 1 мај, купувачите ќе ја имаат главната улога. Секој ден, цените на основните производи ќе зависат од слободниот пазар. Но ...