Во Приштина се одржа значајна средба помеѓу директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, и в.д. извршниот директор на косовскиот оператор КОСТТ, Шабан Незири, на која во фокус беше иднината на регионалната енергетска безбедност преку реализацијата на новата интерконективна линија Тетово – Призрен. Станува збор за проект од стратешко значење, кој предвидува изградба на 400 kV електропреносна линија меѓу Северна Македонија и Косово, усогласена со ...

„Во центарот на разговорот беше стратешкиот проект за изградба на нова интерконективна линија од 400 кВ Тетово – Призрен, со кој ќе се создаде силна енергетска врска помеѓу Северна Македонија и Косово“, наведуваат од МЕПСО. Проектот е дел од регионалниот план за развој на мрежата, усогласен со европската платформа ЕНТСО-Е. Од МЕПСО велат дека клучни придобивки од проектот се: зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија меѓу ...